Марадона удри по политичарите: “Ме прозиваат мене, а заедно се дрогиравме”

Диего Армандо Марадона е постојана мета на критики поради бурниот живот кој го водел.

На славниот Аргентинец, кој моментално е тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос, по се изгледа му здодеа постојано да биде под удар, па реши да им одговори на критичарите.

“Тие кои ме прозиваат, се дрогираат како и јас. Mногумина од нив се преправаат дека се светци, а во реалноста конзумираат квалитетни дроги. Ако ме прашате како го знам тоа, ќе ви одговорам: Се дрогиравме заедно”, без влакна на јазикот одговорил Марадона.

И не застанал на тоа:

“На многумина и децата им се нарокомани. Луѓето за кои зборувам се политичари и претседатели во големи компании. А мене ме кажуваат како лош пример”.

Maрадона на крајот заклучил:

“Времето е најдобар судија. Тоа ќе покаже дали сум во право. Ќе видете”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.