Екстремистичката организација Исламска држава планира да ги заземе Блискиот Исток, северниот дел на Африка, делови од Европа, Балканот и делови од Кина во следните пет години, се наведува во книгата „Царство на стравот: Во Исламска држава“.
Книгата на новинарот од Би-Би-Си, Ендру Хоскин има и мапи на подрачја кои ИД планира да ги освои.
Калифатот, држава во која во сила е шеријатското право, на мапата зазема подрачје од Шпанија на запад до Кина на исток.
ИД претходно објави мапа на калифати, но сега прв пат се наоѓаат и делови на Кина.
Во средината на јули ИД објави видео-снимка на која како почетна мета на исламските терористи е означена Србија, а потоа следат и другите балкански држави.
На видео-снимката се наведува дека по освојувањето на Србија, ИД има план за освојување на Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Македонија.
ИД неодамна објави пропагандна снимка со која им се заканува на балканските земји и ги повикува муслиманите од Балканот да и се придружат или да почнат напади.