МАПА: Кој се бори против кого во Сирија? (ФОТО)

Четиригодишната граѓанска војна во Сирија стана уште посложена откако на 30 септември рускиот претседател Владимир Путин нареди воздушни напади врз ИСИЛ. Иран, либанската милиција Хезболах, Катар, Саудиска Арабија и Турција, исто така, играат важна улога во војната. За уште повеќе да се комплицираат работите, постојат десетици бунтовнички групи во борбата против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, а некои од нив, исто така, се бореле едни со други, пишува ВЕЧЕР.

Како започна војната?

Асад стана претседател во 2000 година, по смртта на неговиот татко Хафез ал Асад, кој владееше цели 30 години. По востанијата против владетелите во Тунис и Египет во текот на 2011, сиријците почнаа да протестираат против нивниот авторитарен режим. Асад и неговите приврзаници, презедоа насилни мерки против дисидентите и останаа на власт за разлика од лидеритево повеќето други држави зафатени со “Арапската пролет“.

Бунтовници и дезертери од сириската армија во 2011 година ја формираа првата од многуте бунтовнички групи- Слободната сириска армија.

Кој се бори во Сирија?

Ал-Каеда во Ирак виде потенцијал во хаос и затоа испрати војници во Сирија кои се поделија во две големи групации Исламската држава во Ирак и Сирија (ИСИС) и ал Нусра фронт. Тие ќе станат мнепријатели, иако ИСИС сега контролира речиси половина од територијата на Сирија.

Меѓународна поддршка предводена од САД и нејзините сојузници се фокусира на сириската национална коалиција, која е политички ентитет поддржан од голем број на вооружени групи, вклучувајќи ги и Слободната сириска армија.

Тука се и курдските групи кои беа нападнати од ИСИС во 2014 година но во последните 6 месеци успеаа да вратат голем дел од изгубената територија долж границата со Турција.

Меѓународно учество

До 2015 година, западните земји избегнуваа отворено и очигледно да се инволвираат во сириската војна. Русија и Иран продолжија со поддршката за Асад, долгогодишен сојузник, кој, исто така, доби поддршка од либанската милиција Хезболах. Иран и Русија обезбедија и доставија пари, воена помош и советници, а стотици борци на Хезболах загинаа војувајќи на страната на Асад.

САД – САД ги поддржуваат умерените бунтовнички групи, изведоа неколку воздушни напади врз ИСИС и го зацврстија својот став дека Асад мора да биде сменет.

Русија – Русија отворено го поддржува Асад, достави воена помош и врши константи воздушни напади врз ИСИС нанесувајќи му огромни загуби во луѓе, оружје и материјал.

Курдите – сириските Курди добија помош од Курдите во Ирак, Турција и курдската дијаспора.

Турција – Турција е голем поддржувач на сите анти-Асад групи и организации. Турција, на почетокот не беше подготвена да се соочи со ИСИС, бидејќи со тоа ќе се обезбеди индиректна поддршка за курдските борци кои се поддржани од курдските групи забранети во Турција.

Саудиска Арабија и Катар – Двете земји ги поддржуваат противниците на Асади имаат спроведено воздушни напади врз ИСИС, заедно со други арапски земји, како што е Јордан.

Кои се резултатите од граѓанската војна во Сирија досега?

Досега загинале меѓу 250 и 310 илјади луѓе, претежно цивили а најмалку 9 милиуони луѓе се внатрешно раселени. Тука се и околу 4 милиони регистрирани бегалци од Сирија кои го ризикуваат својот живот за да стигнат до Европа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.