(Фејсбук статус на Драган Јанкоски)
“Крушево етно-град замина во историјата:(( Драги мои сограѓани, како човек кој во изминатите години како и многу други луѓе, кои искрено веруваа и го поддржуваа овој проект, премногу вложив во развојот на овој проект. Затоа морам јавно да ја искажам мојата разочараност затоа што овој проект го нема повеќе.
Без оглед на се, факт е дека пред да започне етно-градот, во Крушево сите се жалевме дека немаме никаква летна туристичка сезона и дека градот ни пропаѓа. За наша среќа денес после 9 години откако во 2009-та започна етно-градот имаме одлична летна туристичка сезона. Точно е дека оваа манифестација имаше и свои мани во својата реализација, но уште поточно е дека етно градот повторно не врати на туристичката мапа.
Најтажно е тоа што уште еднаш пропуштивме да развиваме нешто, што можеше да не обедини. Ова е проект што го иницираше авторот на проектот Ранко Петровиќ-Бубамара, го најави поранешната градоначалничка од СДСМ Лефкија, а се реализираше во време кога имавме градоначалници од ВМРО. Линк од изјавата на поранешната градоначалничка Лефкија: https://time.mk/arhiva/…
Тоа според мене е податок дека и политички овој проект требаше да не обедини, затоа што и двете партии можеа да се фалат дека манифестацијата етно град тие ја создале, сдсм ја иницира,вмро ја реализира.
Жалосно е тоа што знаеме само да критикуваме и да уништуваме, а не знаеме како да го подобриме она што е веќе почнато и истото да го развиваме. Ја поздравувам одлуката на општината да организира културни настани во истиот период како и во времето на етно-градот, но зошто не го зачуваа и името Етно-град?
Зошто сега го користат името „Крушево – град на култура, историја и традиција“? Крушево Етно-град е бренд, а брендот многу тешко се гради, а многу лесно се уништува. Ве замолувам да нема политички коментари на овој мој пост, зошто тоа не ми е целта и затоа што верувам дека ова е проект кој политички го обедини градот, само барам сите ние кои живееме во Крушево, да се запрашаме самите себеси, дали згаснувањето на манифестацијата „Крушево Етно-град“ е добра или лоша работа за иднината на нашиот град?”
Eве како оваа манифестација се одбележуваше минатата година: