Манастирот Св. Илија Писокал грее од убавина: За Св. Елена и Константин голема веселба со Анета Молика (Фото галерија/Видео)

Манастирот Св. Илија Писокал кај село Кален прилепско грее во пресрет на големите христијански празници Св. Кирил и Методиј, Спасовден и Св. Елена и Константин.

Дворот секојдневно се збогатува со нови содржини, тревниците блескаат како распослани зелени теписи, се поставуваат нови клупи, нови летниковци, чистота на сите страни.

Само едно ќе кажеме, СЕКОЈА ЧЕСТ за управата, за организираноста, за способноста секогаш да се изнајдат средства и за нивната мисија од ова светилиште да направат нешто посебно, нешто убаво и нешто за кое ќе слушнат насекаде во Македонија.

Токму на празникот Св. Елена и Константин се празнува една од славите на манастирот. Се очекуваат голем број верници, а празничната атмосфера ќе биде збогатена со богата музичка програма за која ќе се погрижат Форум Бенд и Анета Мицеска – Молика.

Секој добронамерник е добредојден!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.