Манастирот Св. Илија Писокал во мариовско Кален низ објективот на професионалците од “Фото Дано”: Се’ е подготвено за големиот празник (ВИДЕО)

Манастирот Св. Илија Писокал во село Кален, мариовско, се подготвува за празникот Св. Константин и Елена, за кога се очекуваат голем број верници.

За забавата во недела ќе се погрижат група “Плетенка” и фолк пејачот Спасен Силјаноски.

Вечерната литургија во недела започнува во 18:00 часот, а утринската во понеделник во 08:00 часот.

Неуморните раце на иницијативниот одбор од манастирот постојано работат, а во пресрет на празникот тие дополнително го разубавија местото.

Поставено е осветлување во дворот, а направија и големо македонско знаме кое ќе ги пречекува гостите.

Во манастирот се гради и камбанаријата, а се уредува и секое ќоше наоколу.

Луѓето од иницијативниот одбор прават вистински чуда, па од ова светилиште направија пријатно место за одмор, молитва и уживање во живописната природа.

Во пресрет на празникот Св. Константин и Елена, тимот на најдоброто фото студио во Прилеп, “ФОТО ДАНО”, изработија и прекрасно видео од манастирот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.