Прекрасниот манастир Св. Димитрија над село Селце во Прилеп денеска посетен од голем број верници
Без традиционалното празнување на денешниот празник Митровден поради опacнocта од ширење на кopoнавиpycoт, но манастирските порти беа отворени за сите добронамерници кои сакаа да запалат свеќа и да се помолат за здравје.
Манастирот е граден е во 1933 година. Еден е од поновите куќи Господови. Во олтарот стои иконата на Мајката Божја. Таа е најстаро дело. Датира од 1908 година.
Камбанаријата ја варди црквата 58 години. Необично е што во Божјиот дом секоја недела или празник се палат 33 кандила, колку што имал години Исус Христос.
Од неодамна уреден и поплочен е манастирскиот двор, па овој прекрасен храм сe повеќе добива на убавина.
За многу години денешниот празник, здравје до година тука повторно ќе се игра оро и ќе има многу луѓе.