Мал или голем бран не е важно, секако ќе не блокира: Планинскиот превој Ѓавато утрово (Фото галерија)

Од 08:15 часот изутринава е воведена забрана за движење за тешки товарни возила на патот Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Поради снежните врнежи претходно беа воведени забрани за движење на камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка, а за камиони на патот Дебар – Маврови Анови и обратно и преку планинскиот превој Стража.

Врнежите почнаа од ноќеска, а денеска, како што најави Управата за хидрометеоролошки работи, нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов и студен влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни.

Еве како се одвиваше сообраќајот утрово на планинскиот превој Ѓавато:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.