Мал бездомник пришол до кола да бара пари а кога погледнал внатре почнал да плаче

beskucnik-feat

Малиот Џон Tуо е еден од многуте бездомници кои живеат на улиците на Најроби, Кенија. Луѓето ги бркаат и често ги сметаат таквите деца за крадци.

Еден ден додека просел се доближил до колата на една  жена по име Гледис (32). Таа боледува од болест на белите дробови која предизвикува проблеми со дишењето. Постојано била зависна од кислород шишиња, уред за дишење кој и е потребен насекаде, и сите овие материјали мора постојано да ги носи со себе.

Кога Џон ги видел сите тие апарати ја прашал зошто и се толку многу шишиња и боци? Таа му објаснила и му кажала дека имала и 12 операции до сега.

Џон почнал да плаче, зошто покрај тоа што е на улица тој е здрав, а судбината на Гледис е многу полоша од неговата, а тој неможе да направи ништо за да и помогне.

Затоа застанал ја фатил за рака и почнал да се моли на Бог, за да и набави се што и е потребно за да се излечи.

Случката ја забележал случаен минувач кој застанал и сликал. Фотографијата била споделена на интернет по што многу луѓе биле допрени од приказната и донирале пари за операција на Гледис.

Во меѓувреме Гледис му помогнала на Џон да се тргне од улиците а сега тој се спрема да оди и на училиште.

Сега е среќен и кажал дека ќе биде така се додека е во близина на Гледис.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.