Кривогаштани е мало место со големо срце, кое ова лето се претвори во вистинска точка на младинска енергија и забава. Благодарение на младите членови на Здружението на млади „Урбано Гнездо“, кои стојат зад организацијата на „Урбано Лето“ – манифестација која ја спојува урбаната култура со руралниот дух.
„Нашата цел беше да покажеме дека и малите места можат да создадат големи моменти, оваа манифестација од два дена (17.8 и 27.8) претставува ренесанса на културниот живот во Кривогаштани. Кривогаштани има потенцијал да биде културна точка, а Урбано Лето е само почеток“ – рекоја организаторите.
Првиот дел од манифестацијата, кој се одржа на 17 август, помина одлично – со многу дружење, филмска магија и незаборавна забава. Посетителите уживаа во проекцијата под отворено небо на култниот филм „500 Days of Summer“, а вечерта продолжи со опуштена журка со локален DJ под ѕвезденото небо.
На 27. август ќе има прекрасна “БЕЛА НОЌ” со дечките од прилепскиот бенд LOCKDOWN, DJ STECCHY и големата музичка ѕвезда TOНИ ЗЕН.
Резервирајте навреме маси во четирите локали кои го поддржаа настанот: @coffe_wakeup, @kafe_cao, @coffeebar.tokyo и @caffebareksploziv.