Малото Кривогаштани повторно ќе ја собере Пелагонија на едно место: Евто Пупиновски, Дац и Митевски, Анета Наковска…на вториот по ред “Фестивал на пиперката”

По примерот на повеќе други општини, и малата општина Кривогаштани од минатата година има свој фестивал. Ако некој заборави, фестивалот се вика “Фестивал на пиперката”, а оваа година се одржува по втор пат и ќе се случи на 31, пред општината.

Покрај промоцијата на локалните производители и агро бизниси, целта на фестивалот е дополнително да даде поддршка на македонската естрада, па така оваа година на фестивалската сцена ќе настапат: Евто Пупиновски, Александар Митевски, Драган Спасов Дац, Драган Темелков-Џони, Анета Наковска и Диџеј Дуле, додека како водител ќе биде Ирена Спировска.

-Веруваме дека оваа наша манифестација ќе расте од година во година, етаблирајќи се како манифестација од големо значење од аспект на прославување и промоција на нашето црвеното злато, убава музика, традиционална храна, дружење и секако забава – велат од општината.

Не се заборавени и најмалите каде за нив подготвено е детска програма со магионичар, убава детска музика и едукативен дел.

Значи на 31. август ако патот ве носи низ Пелагонија, посетете го Кривогаштани и уживајте во добрата музика и храна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.