Малото Кривогаштани викендов ќе ја собере Пелагонија на едно место: Игор Џамбазов, Андријана Јанеска, диџеи… на првиот “Фестивал на пиперката”

По примерот на повеќе други општини, и малото Кривогаштани од оваа година ќе има свој фестивал. Градоначалникот на општината, Николче Мискоски го најави “Фестивалот на пиперката”, кој ќе се одржи на 27. август, а на истиот гостите и жителите од општината ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма.

-Ве очекуваме на ФЕСТИВАЛ НА ПИПЕРКАТА на 27ми август со почеток во 17 до 02 часот во општина Кривогаштани. За вас подготвивме:

-изложба на пиперки и производи од пиперка, примоција на производи од нашите произведувачи, изобилство и разновидност на производи

-Музичка програма – Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Андријана Јаневска, Драган Темелковски Џони, Елена Велеска, нашите локални изведувачи Рубин Благадуша и Кико и Тикса Бенд, а ќе има и спектакуларно ДЈ шоу предводено од ДЈ Љубиша и РобиЛеј ЛедРобот.

-Детска програма – детско катче за најмладите кои ќе се запознаат со патот на пиперката од фарма до трпеза, со едукативна програма, изненадувања и подароци

-Локална Храна – промоција на извонредниот вкус на локалната храна од Кривогаштани

Зачувајте го датумот и придружете ни се заедно да ја славиме нашата култура и традиција – напиша Мискоски на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.