Малиот Никодим од Прилеп издржа уште една тешка битка, сега повторно има потреба од сите нас – Да му помогнеме сите на ова златно детенце да ЖИВЕЕ!

Се сеќавате на малиот Никодим од Прилеп, детенцето кое во хуманост ја обедини цела Македонија? На 3 години на ова слатко детенце му беше дијагностицирана ИНФИЛТРАТИВНА ТУМУРСКА МАСА, при што минатата година беше опериран во болница во Истанбул, каде имаше операција на тумор на главата и поставување шант.

Но, кога семејството конечно здивна, а Никодим преброди голема болка што ниту возрасен не би ја издржал, тумурот одново се појави, овој пат двојно поголем и многу поагресивен.

Семејството одново побара помош, поради итноста на здравствената сосојба, хуманите граѓани oдново излегоа во пресрет, а Никодим на 18.12.2025 година, помина уште една тешка битка во својот мал живот.

Операцијата беше успешно изведена, а професорот со надеж и задоволство ни соопшти дека се отстранети 80% од туморот. Тоа е голем чекор напред, но борбата сè уште не е завршена.

Преостанатите 20% значат дека Никодим мора да прима хемотерапија секоја недела, во период од една цела година.

Оваа терапија е неговата шанса за живот, за детство без болка и за иднина каква што секое дете заслужува.

Месечно, терапијата чини 7.500 евра, односно 90.000 евра за една година – сума која како родители не можеме сами да ја обезбедиме.

Никодим сака да живее. Помогнете му да победи преку донации на линкот во продолжение:

https://pavelandreev.org/mk/campaign/spasete-go-zivotot-na-nikodim?fbclid=IwY2xjawPMju9leHRuA2FlbQIxMABicmlkETEwczZxQWVCQ1NGS1BIWmJ0c3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHj3ZK_l7YQ7-mldXtFawCeIFFf98mpnio4pMAsqsCJi-HKUXzkU05IrmEBmP_aem_To9OuXaHIdHF6OgYRqDiHA

Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
Банка:Allianz Bank
IBAN:BG04BUIN95611000740998
BIC:BUINBGSF
Примател: Foundation Pavel Andreev
Цел на дознака: Никодим Мидоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.