Малиот Михаил од Струмица е најелегантниот манекен во Македонија: Освојува со својот ангелски лик, насмевка и талент (ФОТО/ВИДЕО)

Maлиот Михаил Михаилов од Струмица има две ипол години и е заштитно лице на на новите “Бекутан” влажни марамчиња.

Покрај тоа Михаил е вистински перфекционист во позирањето и на тоа може да му позавиди секој професионален модел.

Уште сега ја знае и на глас ја кажува целата азбука, а од својата седуммесечна возраст придонесува и заработува во семејството.

Михаил е веќе бренд кој со сигурност ќе биде запомнет, па ако досега бевме навикнати да гледаме деца модели само од светот, сега тоа го имаме и кај нас.

Ова детенце поседува огромни квалитети, па нам ни останува да му посакаме пред се’ среќно и безгрижно детство, успех во водите на манекенството или во било која друга свера од неговото живеење. Убаво е да се види кога вакви ангелчиња од мали нозе ја претставуваат Македонија, па не ни останува друго, освен да се гордееме на нив и да посакаме да ги има уште повеќе.

Сите фотографии на малиот Михаил, погледнете ги на неговиот Фејсбук страна “Михаил Михаилов – Фото Модел”, или на неговиот профил на Фејсбук Mихаил Михаилов




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.