Малиот Божидар е цар на планината: Дење чува овци и крави, а Интернет и телевизија не му недостасува (ВИДЕО)

Малиот Божо Филиповиќ кој живее на планината Лукавица над Никшиќ, стана вистинска интернет сензација. Видеото на кое тој ја раскажува својата приказна се рашири со брзина на светлината.

Се работи за момче кое оди во седмо одделение и обожава да го јава својот коњ Зекан.

Му се допаѓа животот на планина и ги повикува сите да го посетат неговиот прекрасен крај.

Преку денот чува овци, крави и го јава коњот, но не го запоставува ниту училиштето, иако малку закаснил на почетокот од школската година.

Не му е страв сам на својот коњ да јава по овие планински краишта и да ги посетува околните села. На прашањето дали може да го викаат “цар на планината”, момчето срамежливо се сложило.

На планината нема ниту интернет, ниту телевизор, но Божо вели дека тоа воопшто не му недостасува.

Навечер си легнува порано, а наутро станува околу 8 часот и се враќа на своите секојдневни активности.

Погледнете го видеото:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.