Малечката Исидора Димеска од Прилеп, на која и беше дијагностицирана АСД, ВСД и пулмонална хипертензија, успешно била оперирана на 07.07.2016 година во соседна Бугарија и веќе се наоѓа дома.
Бебето мораше да биде оперирано во рок од три недели до месец дена, операција за која беа потребни 15.000 евра.
Од семејството на Исидора несебично се заблагодаруваат на сите хумани луѓе кои помогнаа нивната ќерка да има среќно детство.
Овој мал борец е нашиот позитив на денот!
А.Г.