Макс Алегри заминува на лето од клупата на Јувентус – замената била веќе договорена

Според дел од италијанските медиуми, тренерот на Јувентус, Макс Алегри би можел да го напушти Јуве на крајот од сезоната, а неговото место да го заземе Зинедин Зидан.

Алегри на клупата на “бјанконерите” е од 2014 година и досега освои 4 последователни шампионски титули и исто толку титули во Купот на Италија, но загуби и две финалиња во Лигата на шампиони.

Познатиот новинар Лука Момблано сега вели дека Алегри ќе го напушти кормилото на клубот во лето. И покрај успехот на клубот во шампионската лига оваа сезона, новинарот вели дека замената е веќе договорена.

Според истиот новинар Зидан веќе се договорил со претседателот на Јуве, Андреа Ањели.

Французинот моментално е без клуб откако го напушти Реал Мадрид, каде освои три последователни титули во Лигата на шампиони.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.