Граѓанското движење што ќе земе учество на следните парламентарни избори, ќе понуди нови реално остварливи политики со нов кадровски потенцијал на ниво на државата во сите градови и општини, вели во изјава за „Фокус“ кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
-Ќе има место за сите што сакаат да дадат свој придонес во нивната реализација, но првенствено луѓе од теорија и пракса, без претходни опашки во политичкото и во општественото дејствување. Еден од нашите приоритети ќе биде бескомпромисна борба со корупцијата, повисок економски раст и алтернативи за енергетска независност на државата – вели Димитриевски.
Целиот текст овде.
Изминатата недела Димитриевски беше и во посета на Прилеп, каде се најави формирање на Здружение “За Наш Прилеп” по примерот на “За наше Куманово”. Според чаршиските муабети во градот под Марковите Кули, голем број членови на СДСМ активно пристапуваат во новата политичка структура, а наскоро ќе биде познат и тимот кој ќе го предводи новото Здружение во Прилеп.