“Максам-Фајт” – Прилеп продолжува со промовирање на боречките вештини

13989474_1078485228853956_1306739619_n

Следниот викенд во Прилеп, во Центарот за боречки вештини “Максам-Фајт”, ќе се одржи семинар и тренинг-обука во боречките спортови бразилска Џиу Џица и Џудо. Инструктор ќе биде Младен Јокманович од Црна Гора, носител на црн појас во БЏЏ, Џудо и Џиу Џицу, главен тренер во клубовите БЏЏ “Мата Лео А-Форс” и џудо и џиу џицу клуб “Стара Варош-Волкано” од Подгорица.

Станува збор за еден од најтрофејните тренери кој има големи успеси и одлични резултати, како натпреварувач, носител на многу златни медали од големи светски и европски натпревари. Исто така неговите членови постигнуваат одлични резултати, на многу меѓународни натпревари, во БЏЏ ,Џудо и Џиу Џицу. Тренерот Јокманович доаѓа со својот асистент Срѓан Бошкович-носител на виолетов појас во БЏЏ, освојувач на 3 место на светско првенство во граплинг и прво место на европско првенство во Рим.

14009913_1078485425520603_2087973277_n

Целта на овој семинар е промоција и развој на Бразилската Џиу Џица, едукација на нашите членови, надградба на веќе стекнатите знаења, стекнување на нови знаења и нови пријателства. Ќе се работи во два дела и тоа: БЏЏ и Џудо со кимоно и без кимоно,со посебен акцент на техниките кои се применуваат најчесто во ММА борбите. Семинарот е од затворен тип и е наменет само за членовите од ЦБВ “Максам-Фајт”, и тоа само за членовите кои имаат искуство во натпревари и се спремаат за следни натпревари во БЏЏ и ММА .

14017983_1078484378854041_1990617152_n

14017740_1078484375520708_1466977600_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.