Францускиот претседател Емануел Макрон повторно се најде на удар на јавноста, овој пат поради фотографија на која со широка насмевка на лицето, позира помеѓу двајца млади луѓе, за време на посетата на француските Кариби.
На фотографијата едно од момчињата со турнати пантолони, без маица и со среден прст позира покрај претседателот на Франција, а вториот според неговото признание е поранешен затвореник.
Photo of Macron posing between a man showing his middle finger and a convicted criminal during Caribbean visit sparks fury in France https://t.co/9EbEiJFvxI
— Daily Mail Online (@MailOnline) October 1, 2018
Макрон во неделата изјаци дека поранешниот затвореник го запознал при една непланирана обиколка на островот додека таму се изведувале работи за обнова, една година после ураганот Ирма.
Огорченост поради фотографијата особено истакнаа десничарските политичари. Така лидерката на крајната десница Марин ле Пен на Твитер напиша дека такво нешто “не се простува” и дека “Франција заслужува подобро од тоа”.
On ne trouve même plus de mots pour exprimer notre indignation.
La France ne mérite certainement pas cela. C’est impardonnable ! MLP pic.twitter.com/Lvf2k8cO8S— Marine Le Pen (@MLP_officiel) September 30, 2018