Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека Европската унија ќе доживее колапс како “политички проект” ако не им помогне на членките со погодена економија, како Италија, за да се опорават од kpизата.
Драматичната изјава на Макрон е ултиматум за богатите и фискално поодговорни држави од северна Европа да прифатат заедничко финансирање под услови на јужните држави или Европската унија веќе нема да постои, бидејќи, како што вели тој, ќе ја изгуби смислата.
Макрон од Елисејската палата даде интервју за “Фајненшел Тајмс” во кое порача дека ЕУ нема избор. Мора да издаде заеднички долг со заеднички гаранции, како би се финансирале државите членки според нивните потреби.
Watch the our exclusive interview with French president Emmanuel Macron in which he says that the coronavirus is Europe's 'moment of truth': https://t.co/FbqVq55LwR
— Financial Times (@FinancialTimes) April 16, 2020
Познато е дека Германија и Холандија се противат на оваа идеа. Макрон инсистира дека ова е момент на вистината за Европа, за нејзиниот заеднички пазар и солидарност.
“Ако ова не го направиме денес, популистите ќе победат- денес, утре, ден потоа, во Италија, можеби во Франција и на други места”, нагласи тој.