Две години му биле потребни на Душан Јакшиќ да направи специјална макета на познатата “Застава 750” или популарното Фиќо.
“Ми нудеа пари за него, но од моето “Фиќо” никогаш нема да се одвојам. Инаку, ги обожавам фиќата, дури имам и свое”, вели Душан.
Тој вели дека изработката на оваа макета му била интересна и му претставувало вистински предизвик.
“Изработката на оваа макета траела од септември 1992 до март 1994 година, но тешко е да се каже колку работни часа му одзело сето тоа”, додава Душан.
Од видеото во продолжение може да се види дека Душан внимавал на секој детал и создал вистинско совршенство за кое нема цена.
Погледнете: