Македонци татко и син планирале убиство на снаата!

Штипската полиција ги уапси К.М. (66) и И.М.(41), двајцата од пробиштипското село Ратавица, кои се осомничени за поттикнување на убиство.

64CA5C6D54E0BC4C812D4F8E1F1E0A5F

Полицијата открила дека при крајот на јули, таткото и синот, по претходен меѓусебен договор со намера да ја убијат живот Д.М. (35) снаа и сопруга, која поради нарушени брачни односи го напуштила домот во кој живеела со пријавените и заминала да живее во Штип, стапиле во контакт со М.Ц. (37) од Штип.

На него му ветиле награда од 10.000 евра за да ја грабне жената и да им ја предаде, па тие после на раат да ја убијат. На име капар за првите трошоци тиему дале 17.000 денари, а останатите ветиле дека ќе му ги дадат откако ќе им ја предаде. Но, за планот била алармирана полицијата која ги уапсила, а денеска судија на претходна постапка на пријавените изречена им е мерка притвор во траење од 30 дена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.