Македонци и Албанци, родители и деца заеднички пpoтecтиpaa во Куманово пpoтив oнлајн настава

Ученици Македонци и Албанци, кои добија поддршка и од родителите, денеска се обединија во Куманово на заеднички протест против онлајн наставата.

Како што објави порталот “Кумановски муабети”, вчера околу 14 часот учениците од основни и средни училишта со настава на македонски јазик се собраа и тргнаа низ улиците на Куманово кон центарот. Во исто време протест започнаа и ученици од гимназијата „Сами Фрашери“ каде настава се изведува на албански наставен јазик.

Двете групи половина час подоцна се собраа пред зградата на Општина Куманово, каде побараа да се укине онлајн наставата и тие да се вратат во училишните клупи.

Поддршка на протестот учениците добија и од дел од родителите.

– Децата мора да одат на училиште. Ќе останат неписмени дома. Паѓа конекција, интернет лош, многу сиромашни семејства немаат ниту интернет. Што ќе правиме кога ќе дојде зима, има семејства со по две-три деца, кај ќе учат? Ова е хаос. Сметаме дека треба да се вратат на школо барем сега додека е убаво времето, па за понатаму ќе видиме, изјави родител на протестот.

Учениците кои беа на простетот велат дека е потешко да учат од компјутер, а освен учењето им недостасува и дружењето.

На протестот присуствуваа околу 500 ученици, а следниот е закажан веќе за денеска со почеток во 14 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.