Под мотото “Ние сме македонци, јазикот ни е македонски и татковината ни е МАКЕДОНИЈА”, денеска пред парламентот на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија во градот Дизелдорф во Германија, нашинците кои живеат таму излегоја на протест.
На протестот била испратена и декларација со која се бара зачувување на македонските национални интереси.
Нашинците во овој германски град побараа државната власт тука во Македонија да не потклекнува на бугарските барања и да не се распродава историјата на Македонија.
“Ние сме Македонци и јазикот ни е МАКЕДОНСКИ! Доста е!”, гласеше пораката на протестот.