Македонците од Австралија повикуваат на бојкот на концертите на „Танец“

На 17 ноември во Мелбурн, на 22 ноември во Канбера и на 24 ноември во Сиднеј закажани се концерти на ансамблот „Танец“ по повод 70-годишнината од основањето. Овие концерти доаѓаат непосредно по промената на името на „Танец“ во национална институција на народни игри и песни на Северна Македонија.

Дијаспората од Австралија повикува на бојкот на овие концерти затоа што „Танец“ веќе не е „ансамбл за народни игри и песни на Македонија“.

Во Австралија, по повод националниот празник 8 Септември, се повикуваат Македонците на протест пред македонската амбасада во Канбера против промената на името на државата и забраната за употреба на симболот од Кутлеш, шестаесеткракото сонце.

Македонските организации најавуваат дека нема да присуствуваат и на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме на плоштадот во Мелбурн. Причината за ова е срамниот Преспански договор и илегалната промена на името, се вели во соопштението на Македонскиот совет од Мелбурн и Викторија во Австралија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.