Македонците во Грција одново се угнетуваат: Воденскиот градоначалник со фашистички методи кон нашинците

„Ако пеете на вашиот јазик ќе ви донесам полиција сите да ве затвори“.

Со овие зборови синоќа воденскиот градоначанил Димитрис Јану отворено им се закани на организаторите и сите учесници кои присуствуваат на панаѓурите во воденските села кои сеуште го негуваат македонскиот идентитет.

Изјавата на градоначалникот наиде на голема осуда кај локалното население па дури и на дел од луѓето вработени во општината кои ги познаваат своите корени.

Како резултат на тензичната состојба на вчерашниот панаѓур во воденското село Нисија беше свирена македонска музика но без пеење.

Потег кој дел го нарекоа претпазлив, но кај голем дел наиде на незадоволство и ја напуштија веселбата. Нисија е мало село лоцирано на 12 км западно од Воден населено со македонско население.

Локалните панаѓури се едни од ретките места на кои сеуште се негува македонскиот идентитет. Се одржуваат со вековна традиција на големите верски празници и редовно се изведува македонска традиционална музика. Праксата да се изведува македонска музика, но без пеење се практикува во дел од селата каде сеуште има голем страв од јавното изјаснување на идентитетот. Такво е селото Нивици (Псарадес) во кое беше потпишан договорот.

Големата посетеност и присуството на млади лица кои со радост пеат на својот мајчин јазик дава надеж дека идентитетот нема да биде избришан, а од друга страна пак ваквите изјави и дека членството во ЕУ и НАТО не се одразува на никаков поволен начин во однос на заштитата на малцинствата во државата на југ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.