Македонците кои живеат и работат во Германија покренаа петиција со која бараат признавање на македонската возачка дозвола, која не е призната во оваа држава и тоа претставува голем проблем за македонските иселеници.
За да се реши овој проблем потребна им е нашата поддршка, бидеќи за да биде успешна петицијата потребно е да се соберат 50.000 потписи.
Петицијата е започната на 7 април и ќе трае до 4 мај, а можете да ја поддржите на следниот ЛИНК.
Меѓусебно признавање на возачките дозволи е склучено со земјите-членки на Европската унија: Бугарија, Хрватска, Романија, Унгарија, Словенија, Белгија и Австрија.