Васил Стерјовски, единствениот Македонец пратеник во албанскиот парламент од редовите на партијата Македонска алијанса за европска иднина (МАЕИ) бара државата да го прогласи 7 јануари за државен празник – oбјави “Експрес.мк”
„Денес во албанското Собрание го поднесов предлог-законот „За изменување и дополнување на законот бр. 7651. од 21.12.1992 година, „За официјалните празници и спомен денови “, изменет и дополнет“.
Преку овој амандман, предлагам албанското Собрание да го прогласи за официјален празник во Република Албанија 7-ми јануари како Ден на Божик според Јулијанскиот календар за македонско, српско и црногорско национално малцинство од православна вероисповед“, соопшти Стерјовски на Фејсбук.
Пратеникот додава дека оваа иницијатива има поддршка од Советот на општина Пустец, од каде сметаат дека тоа е неопходно неопходно со оглед на фактот дека Општина Пустец е населена со 100 отсто македонско население од православна вероисповед и православните празници жителите на оваа општина го слават Божик според Јулјанскиот календар.
Поддршка, вели Стерјовски, дадоа и здруженијата кои ги поддржуваат интересите на македонското, српското и црногорското национално малцинство во Албанија, како и Државниот комитет за малцинства.