Македонскиот тим Рокдејл Илинден се пласираше во финалето на Националната премиер лига во Австралија откако го победи својот најголем конкурент, грчкиот тим Сиднеј Олимпик со 3:0 во полуфиналето.
Неодамна Рокдејл Илинден стана шампион и на Нов Јужен Велс, а за тие што не знаат тимот е формиран во далечната 1969 година од нашите иселеници во Австралија.
Натпреварот против Сиднеј Олимпик беше голем меч за нашинците, а тоа може да се види и од прославата на погодоците.
Финалето е закажано за 25 октомври, кога Рокдејл Олимпик ќе се соочи со Сиднеј Јунајтед.