Големиот христијански празник Богојавление – Водици се празнува и во македонските заедници ширум дијаспората.
Македонците верни на традицијата и верата насекаде низ светот во светите храмови се собираат и празнуваат.
Така било денеска и во дворот на црквата Св. Никола во германскиот град Мајнц, каде живее голема македонска заедница.
Од фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа дека голем број нашинци биле присутни на одбележувањето на празникот, а голем број дечиња скокнале по светиот крст.