Веќе подолго време мостовите на патот Прилеп-Градско се во катастрофална состојба и се вистински црни точки во сообраќајот.
Апел возачите особено да внимаваат, затоа не само нивните возила, туку и нивните животи можат да бидат во опасност. Причина за тоа се многубројните дупки кои тешко можат да се избегнат, затоа што ги има насекаде.
Како армија со тенкови да поминувала, па направила пустош зад себе…
Состојбата е алармантна особено во зимски услови, кога возачите не можат да ги видат дупките, па често се случува на овој патен правец да има превртени возила.
Како најсвеж случај од пред неколку дена е несреќата кога цистерна на компанијата “Оилко” излета од патот.
Еве како изгледа еден од мостовите на овој патен правец:
Но, кога е за чочек надлежните се први на оро: