Македонското девојче вечерва ќе блесне во Прилеп:Kaролина Гочева најави вистинско уживање

_DSC1913 (Copy)Втората фестивалска вечер на “Пиво Фест 2016” ќе ја краси настапот на македонското девојче Каролина Гочева.

_DSC1923 (Copy)

На пресконференцијата Каролина истакна дека после неколку години конечно се усогласил нејзиниот распоред и дека се чувствува премногу мило што ќе настапи на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп.

_DSC1921 (Copy)Поради временските неприлики Каролина патувала повеќе од два часа, но не го криеше задоволството што се наоѓа тука.

_DSC1928 (Copy) _DSC1932 (Copy)

Градоначалникот Марјан Ристески најпрвин упати жалење и сочувство за загинатите во терористичкиот напад што синоќа ја потресе Франција, а потоа упати благодарност до комуналните претпријатија во градот, кои за кратко време експресно ги совладаа последиците од страшното невреме што го зафати Прилеп попладнево.

_DSC1949 (Copy)

Локалната самоуправа приреди и изненадување за македонското девојче, на Каролина градоначалникот и подари икона со ликот на Св. Никола.

Втората фестивалска вечер ќе ја одбележат и настапите на Самостални Референти, балканскиот шармер Хари Мата Хари и лудото диџеј дуо oд Грција Bang La Decks.

_DSC1961 (Copy)

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.