Македонски судија нападнат во рингот од тренер од Азербејџан – го давеше пред деца (ФОТО)

Македонскиот боксерски судија Стефан Цубалевски беше нападнат од страна на азербејџански тренер за време на финалето на Европско младинско првенство кое се одржа во Златибор, Србија.

Инцидентот се случи вчера во финалето до 75 килограми во кое боксуваа Виктор Мајсторовиќ од Србија и Јусуф Агакишијев од Азербејџан.

Тренерот на Агакишијев незадоволен од судењето, прво вербално го нападна Цубалевски, а потоа во втората рунда влезе во рингот и почна да го дави.

Мечот беше прекинат, Азербејџанецот д0би службен пораз, а Србинот го освои златото.

ВИДЕОТО од настанот погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.