ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г брашно, 40 г свеж квасец, 3 лажици шеќер, 1 лажица сол, 100 мл масло, околу 400 мл вода.
ЗА ФИЛ: 1 кг блитва, 1 кромид, 200 г кајмак, 3 јaјцa, масло, околу 150 мл масло за прскање на корите.
ПОСТАПКА:
Фил: Блитвата се мие убаво и се ceчкa ситно, па на масло прво се пропржува ситно ceчкaн кромид, па потоа и блитвата колку да свене. Се трга од рингла и се остава да излади. Потоа се додава кајмакот и јaјцaтa и убаво се промешува и посолува по вкус. Филот се дели на 4 еднакви делови.
Замесете убаво тесто да биде како за леб. Оставете го да стасува додека да се удвои. Потоа ставете го на набрашнета работна површина и поделете го на 10 топчиња.
Секое топче со оклагија развлечете го во кравајче со големина од десертна чинија. Земете четири кравајчиња и наредете ги едно врз друго, намастени помеѓу со масло, освен последното, најгорното.
Потоа од овој куп развлечете кора и ставете ја во намастена тепсија бр.36. Врз кората наросете масло. Развлечете кора од 5-то кравајче, но малку поголема од тепсијата. Навиткајте ја на оклагијата и брановидно ставете ја во тепсијата (со движења лево-десно за да се направат набори). Ставете го рамномерно првиот дел од филот и малку наросете масло.
Секое кравајче тенко го развлекуваме, го ставаме во тепсијата, редиме фил и наросуваме масло. После 8-то кравајче го ставаме последниот дел од филот, па ни остануваат уште две кравајчиња.
И нив ги развлекуваме во кори, ја ставаме 9. кора, наросуваме малку масло и на крај ја ставаме последната кора. Питата ја ceчeмe со ceкaч за пица во коцки, до дното на тепсијата. Ако има потреба, со силиконска шпатула ги потискаме сите кори околу тепсијата за да биде рамномерна. Одозгора се наросува со масло и се остава 20-тина минути на топло за да стасува.
Потоа се става да се пече во загреана рерна на 200 степени. Кога ќе започне убаво да заруменува, се вади од рерна и се напрскува со малку вода и масло, па повторно се враќа во рерна (ова го правам некаде после половина час печење).
Пред крај се вади уште еднаш и повторно се прска со вода и масло, па се враќа во рерна, но овојпат се исклучува рерната.
Се остава уште некоја минута, па се вади.