Македонски одговор на Гркинката за маичката со избрусеното сонце од Кутлеш (ФОТО)

Провокацијата од Гркинката Анастасија Мерѕу со фотографијата на Твитер со маичката со избрусеното сонце од Кутлеш на капак од шахта во Скопје доби одговор од македонска страна исто така во вид на маичка.

Покрај 16-кракото сонце, споменикот на Александар Македонски во Скопје и тој од Херонеја, каде што неговиот татко Филип Втори Македонски им нанел тежок пораз на Атињаните и на Тебанците, а во битката учествувал и Александар, пишува: „Ги поразивме во 338 г.п.н.е. и ќе го направиме тоа повторно“.

Грците ликуваат! Носат маички со избрусеното сонце од Кутлеш на шахтите во Скопје!

Извор: “Експрес.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.