За да се покрене јавната свест за лицата со аутизам, за прифаќање на нивната различност и вклучување во општеството, невладината организација „Аутизам ААМК“, во соработка со многубројни македонски уметници, ја создаде песната „Растеме заедно“.
Песната и спотот се од хуманитарен карактер и во нивното сoздавање сите учесници учествуваа доброволно.
„Растеме заедно“ е авторско дело на текстописецот и композитор Весна Малинова-Бабамов, аранжманот е на Дарко Тасев, клавијатури – Влатко Георгиев, виолина – Филип Волкан, а е снимена во студиото AleXanDeR на Александар Ристовски-Принц. Учесници се: Кристина Арнаудова, Весна Гиновска-Илкова, Никола Перевски Пере (Нокаут), Лилјана Атанасова Лили, Дани Димитровска, Мијата, Драган Спасов-Дац, Петар Младеновски (Суперхикс), Филипа Гелевска, Горан и Ана Трифуновски (Пеперминт), Бранислав Николов (Фолтин) и Ева Ѓорѓеска.
Сценариото и режијата на спотот се на Koma design studio – Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Јосифовски и Небојша Гелевски.