МАКЕДОНСКИ ДИЏЕЈ ја крева на нозе светската сцена – следна станица Сингапур (ФОТО)

Еден од најуспешните македонски диџеи ГАЛОСКИ кој периодов имаше евроазиска турнеја, месецов на 15-ти jуни настапува на “Ultra Music Festival” во Сингапур, на еден од најреномираните музички фестивали за електронска музика во светот.

Со веќе потврден настап Галоски испишува историја за електронската и целокупната домашна музичка сцена, како единствен артист со настап на фестивал кој со години наназад е одликуван како најуспешен интернационален фестивал за електронска музика.

Ова не е првпат нашиот диџеј и продуцент да направи значајни успеси, наназад го паметиме како прв македонски диџеј со хит на неделата на Global Warm-up радио емисијата на BBC 1 Radio, прв македонски диџеј со поддршка од великаните во денс индустријата како David Guetta, Avicii, Hardwell, Afrojack, Armin van Buuren, како и многу успешни изданија на врвни издавачки куќи ширум светот.

Македонија ќе има можност да го слуша Галоски на 21-ви jуни на АРМ стадионот на претстојниот “Скопје Колинг фестивал”, каде што ќе настапи заедно со најпознатото светско диџејско дуо Axwell /\ Ingrosso.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.