Македонски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со ПОДАРОК автомобили и паричен ваучер!

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Билјана Стевановиќ
Билјана е дел од Тамаро фамилијата – 22 години. Таа започна со работа во 2003 година, на позиција агент за продажба, за подоцна да биде унапредена во материјален книговодител. Следната позиција беше прв менаџер на Тамаро 7 хипермаркетот, каде подоцна ја замени Благица Ситникоска. Во моментов, Билјана е главен менаџер за продажба во Тамаро. Умешноста и вештините на Билјана се одразија на успехот и на Тамаро. Секогаш навремена, прецизна и преку нејзините обуки многу луѓе станале успешни и вредни работници.
Компанијата Тамаро и доделува автомобил како ПОДАРОК!

Билјана Лолеска
Во Тамаро Билјана е цели 23 години. Таа започна со работа во 2002 година, на позиција агент за продажба, а во моментов е главен менаџер на АМ магацинот во склоп на Тамаро. Лидерските способности, колегијалноста, истрајноста, лојалноста се само дел од нејзините вештини со кои многу луѓе ги обучила да станат вредни и одлични работници.
Компанијата Тамаро и доделува ваучер од 7000 евра.

Горан Манев
Во Тамаро, Горан започна во 2003 година. Веќе е дел од тимот 22 години!
Тој започна на работна позиција магационер, додека неговиот успех во работата го донесе да биде главен магационер на замрзната роба во комори. Сега работи како контролор на прием на роба во АМ магацинот, како и ускладиштување на робата.
Горан секогаш бил достапен и лојален кон компанијата. Личност која во секое време излегла во пресрет за доброто на Тамаро. Неговата љубов кон Тамаро и посветеност кон работата заслужено го донесе до ПОДАРОК автомобил!

-Честитки за вработените од менаџментот на Тамаро и им посакуваме на сите останати вработени многу успех во работата и долги години стаж – стои во објавата на социјалните мрежи од компанијата




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.