Општина Македонски Брод, на пригоден начин одбележа 79 години од ослободувањето. Одбележувањето започна со посета на првачињата на кабинетот на Градоначалникот, за да продолжи со положување цвеќе на спомениците на паднатите борци.
Потоа во Домот на културата беше одржана свечена академија, на која беа доделени плакети на заслужни граѓани.
Во рамките на свечената академија беше поставена и изложбата ” 120 години од Илинденското востание”. Свеченоста беше завршена со пригоден коктел.