Еден македонски државјанин загина, а четириесетина се повредени при судар на автобус со македонски туристи и камион, што се случил синоќа кај турскиот град Малкара, на околу 40 километри до грчко-турската граница.
Според турските медиуми, по судирот автобусот со скопски регистерски таблички се заглавил во камионот со турски таблички, при што бил влечен уште стотина метри.
Повредените патници се префрлени во најблиската болница во Малкара.
Македонското Министерството за надворешни работи, соопшти дека заедно со Генералниот конзулат на Македонија во Истанбул и Амбасадата во Анкара се во постојан контакт со сите надлежни инстутуции во Турција.