Вардар се пласираше во ново финале во Лигата на шампионите и утре ќе ги одмери силите со силната екипа на Веспрем.
Откако денеска го направија невозможното, совладувајќи ја Барселона во полуфиналето при негатива од 7 гола на полувремето, ништо нема да не изненади во финалето.
Во германскиот град Келн каде се одржува фајнл фор турнирот денеска имаше голем број македонски навивачи, а не изостанаа и на трибините во Ланксес арената.
Поддржувачите на Вардар истакнаа и транспарент во Келн на кој пишува:
“Република Македонија секогаш, СЕВЕРНА НИКОГАШ”.