Македонските ученици, меѓу кои и гимназијалка од Прилеп, со оро ги прославија освоените медали на Олимпијадата во Пекинг (ВИДЕО)

Македонскиот олимписки тим на 17. Светска олимпијада по геонауки IESO2024 што се одржа во Пекинг, Кина, дома се враќа со еден сребрен и три бронзени медали.

Меѓу медалистите е и Ивана Атанасоска, ученичка во прилепската гимназија “Мирче Ацев”, која освои бронзен медал.

На Светската олимпијада по геонауки во Пекинг, учество зедоја 140 ученици од 35 држави, а покрај Ивана од Прилеп со медали се закитија и Милена Ангелова од Делчево, Михаела Павловска од Македонска Каменица и Атанас Ташковски од Крушево.

Ментор на Ивана е професорката Виолета Проскоска Велкоска.

Учениците од Македонија освојувањето на медалите во Пекинг го прославија со македонско оро. БРАВО ДЕЧКИ! ОДЛИЧНИ УЧЕНИЦИ И ВИСТИНСКИ МАКЕДОНСКИ АМБАСАДОРИ!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.