Македонските блуз амбасадори од Прилеп изминатиот викенд ја воодушевија црногорската публика во Никшиќ (Видео)

Од 17 до 19 јуни на градската тврдина во Никшиќ, Црна Гора, се одржа првиот Fort Blues Rock Fest, настан кој предизвика воодушевување кај публиката и кој изобиливаше со квалитетна музика и изведувачи.

Фестивалот започна со настап на единствените прилепски блузери Crossroad Blues Band, кои како и секогаш каде што ќе се појават приредија забава за паметење.

Од бендот имаат само пофални зборови за публиката и домаќините, кои им приредиле топло добредојде и уживале во нивната музика.

Сцените во регионот не се ништо ново за прилепските блузери, а настапот во Никшиќ е уште еден доказ Македонија има врвни музичари кои можеби уште повеќе се ценат надвор од државата.

За фестивалската вечер да биде уште понезаборавна се погрижи и Влатко Стефановски со неговиот трио состав.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.