Можеби нeкои политичари не можат да сфатат како системот на државата може сам себеси да се управува, како може да биде толку збркан за да се води самиот себеси и, затоа, кога ќе се соочат со ваков проблем, т.е. кога ќе согледаат дека не им успеало да го суспендираат функционирањето на државата, бираат виновник, пак, тргнуваат во лов на вештици и наоѓаат луѓе кои ги обвинуваат како одговорни, спалувајќи ги низ еден куп ритуали. Некои сè одговорни за она што се случува и во тој случај припишувањето на вина не е без основа. Но, притоа, најважно е да се лоцира од каде доаѓа гушењето на државата.
Под притисок на некои странски и домашни ментори на македонскиот Watergate(аферата прислушкување) и таканаречениот пржински договор повеќе од очигледно е дека во системот на управување на Р.Македонија сè инсталира структурен дефект (се мисли на “изумите“ техничка влада и специјално јавно обвинителство). Неговата функција и суштината што стои позади него не è исправање на “дефектите“ во системот на управување со државата, туку создавање на институционална и општествена поделеност во Р.Македонија.
Кога на било кој државен систем ќе му се инсталира структурен дефект од ваков тип, тогаш свеста на државните институции станува фрагментирана и, притоа, настанува општествена поделеност со тенденција кон хаос.
Да се предизвика општествена поделеност и општествен хаос è лесно, тоа, веќе, го имаме видено и во домашни, и во меѓународни рамки. Да се спои, т.е. да се интегрира повторно во целина општествената заедница è болно и тешко. Интеграцијата, бара размислување со интегритет како од носителите на институционалната и политичката одговорност, така и од нас граѓаните на оваа држава. А, за размислувањето со интегритет, пак, потребно е да се биде целосно отворен кон конфликтните сили, идеи и стресови што ги носи општествената поделеност и тенденција за хаос. Постигнувањето на оваа цел, размислување со интегритет заради интегративно однесување не бара некое стручно и научничко знаење. Доколку сè сака да се размислува со интегритет, сé што е потребно è да се размислува во рамките на прашањето: „Што недостасува во “приказната“ која создава општествена поделеност и хаос? Без тоа не може да размислуваме со интегритет и да се однесуваме интегративно кон пошироката општествена заедница, а тоа е нешто од кое што зависи долгорочната стабилност и успешност на нашата држава. Мора да научиме да трагаме рационално и разумно за она што недостасува, посебно во приказните кои што предизикуваат групна омраза и општествена поделеност. Ако сакаме да ја откриеме вистината или целосната слика за ситуацијата, не смееме инстиктивно да реагираме на болните креации за поттикнување на групна омраза и хаос во општествената заедница?
Мораме да трагаме по вистината за да ја сoставиме целосната слика поврзана со македонскиот Watergate запрашувајќи сè: Што недостасува на оваа приказна и претстава?
Кога проблемите на водачите на политичарите се поврзани со отсуство на надеж и верба за успех на “нивниот политички модел“ на наредните избори, тогаш нивните политички акции најчесто сè промашени и, затоа, почнуваат да оперираат со прашањата за вредностите на владините политики, а што е уште пострашно прибегнуваат кон предизвикување на групна омраза и општествени поделби.
Повеќе од очигледно е тоа дека водачите на македонската политичка опозиција на значително ниво ги имаат овие проблеми, односно им отсуствува надеж, верба и визија во нивниот политички модел што и го нудат на македонската јавност, од една страна, и неможност да конструираат рационална критика на владините политики со која што ќе привлечат повеќе публика отколку што се самите(се мисли на неможноста да соберат повеќе гласачи за нивниот политички модел отколку што брои формалното членство во нивните партии), од друга страна. Од тие причини, прибегнаа кон механизмот за создавање групна омраза и општествени поделби, креирајќи ја приказната и претставата за македонскиот облик на аферата Watergate. Го нарекувам македонски облик на Watergate, бидејќи во оваа “претстава“ ловецот станал плен, односно оние кои што се обвинети за незаконски прислушкувања, т.е припадниците на власта, всушност станале плен и на незаконски начин биле прислушкувани. Да бидам уште појасен, во американскиот Watergate, тогашната власт во САД несигурна во успехот на својот политички модел за добро владеење, а со цел да создаде политичка предност прибегнала кон незаконски прислушкувања на политичката опозиција за да и пронајде “валкан веш“ кој што ќе го користела на следните избори. Да бидам јасен, во американскиот Watergate ловецот беше власта, а плен опозицијата. Во македонскиот Watergate е обратно, власта е плен и è таа што е прислушкувана, а опозицијата е ловецот што правел неморални и незаконски прислушкувања. Патем, колку што знам само врз основа на закон одредена државна институција и тоа во строго дадени и контролирани услови со судски налог може да следи разговори, а не било кој да прислушкува нечии приватни разговори па макар на своите рогови носел назив “лидер на политичка опозиција“.
Овде се наметнува уште едно пропратно прашање: „Зошто во поблиското минато од почетокот на демократската политичка реформа во Р.Македонија, само водствата на СДСМ афирмираат вакви афери со прислушкувања? И аферата со псевдоним „сина птица“, и аферата со псевдоним „големото уво“, и денешнава да ја наречам „бомбите на Заев“, потекнуваат само од еден ист извор – водачите на СДСМ. Да не им е нив својствено да се користат со нелегално и неморално прислушкување на другите, како главно орудие за приграбување на власта во Р.Македонија?
Меѓудругото, еден посебен момент кој мора да се нотира во контекст на македонскиот Watergate е системот на вредности со кој што оперираат водачите на македонската политичка опозиција. Тој систем на вредности слободно можам да го наречам “воајерски хуманизам“. Тоа е систем на вредности кој што се темели на болно трагање на политичко задоволство со неморално прислушкување на разговори на другите, вклучувајќи ја тука и власта, притоа, тотално запоставувајќи ги духовните-интегративните потреби на општествената заедница. Тоа болно задоволство, беше забележително и на изразот на лицата на водачите на македонската опозиција кога на прес конференциите ги презентираа прислушкуваните и монтирани разговори на власта. На многу начини тоа е болен систем на вреднување. Еве зошто.
Во духот на интегративното и со интегритет размислување, прво нешто што недостасува, т.е што е болно на “воајерскиот хуманизам“ применет од водачите на македонската политичка опозиција è дезорганизација во нивното политичко размислување. Да се прислушкуваат разговори на носителите на институционални одговорности во државата и, притоа, да се монтираат за да се ставаат во корелација со некои општествени проблеми со цел да се постигне накава политичка предност, пред сé е одлика на дезорганизација во политичкото размислување, повеќе, отколку здрава политичко мислење и однесување за интеграција и духовно обединување на нацијата. Слободно може да се каже дека таквиот начин на размислување и однесување е злобен начин, кој што има само една функција, а таа е создавање на групна омраза и општествени поделби без разлика на последиците за пошироката општествена заедница.
Но, пострашно од сé е тоа што “воајерскиот хуманизам“ како “систем на вредности“ применет од водачите на македонската политичка опозиција è систем ослободен од политичка и општествена одговорност. Самоисклучувањето од учество на минатите локални избори, самоисклучувањето од работа во институциите на системот(посебно самоисклучувањето од учество во работата на парламентот), самоисклучување од предвремените парламентарни избори кои што тие сами ги предизвикаа, самоисклучувањето од работата на ДИК…, не е ништо друго туку тотално отсуство на политичка и општествена одговорност кон државата и пошироката општествена заедница. Таквото постоење на македонската политичка опозиција со самоисклучување од работата на државните институции и организации е постоење на сами за себе си. А, сè што постои само за себе е како ракот, црпи енергија, но за возврат не дава ништо освен дезинтегрирање и изумирање на организмот.
За жал, таква е политичката претстава на водачите на нашата(македонската) политичка опозиција. Таквата претстава треба да не загрижува сите, бидејќи è режирана врз основа на болен систем на вредности и без визија, а политика без визија ги уништува севкупните постигнувања на општествената заедница.
Д-р Зоран Петрески
Авторот е доктор на науки по јавна администрација