Македонскиот филм “Најсреќниот човек на светот” вечерва во киното “Мис Стон” во Прилеп

Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот“, во режија на Теона Стругар – Митевска во кино “Мис Стон” – денеска (8 мај 2023) со почеток од 20.00 ч.

Филмот имаше премиера лани и беше избран за македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм. Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска.

режија: Теона Стругар Митевска

улоги: Ирма Алимановиќ, Изудин Бајровиќ, Ведрана Божиновиќ, Јелена Кодриќ, Ана Костовска, Николина Кујача, Лабина Митевска, Ксенија Маринковиќ, Мона Муратовиќ, Аднан Омеровиќ, Кемал Ризвановиќ, Синиша Видовиќ

времетраење: 100′

земја: Македонија, Данска, Белгија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина

жанр: Драма

продукција: Сестри и браќа Митевски

Возрасна категорија: 12+

Кратка содржина

Асја е 40 годишна самостојна жена која живее во Сараево. Таа го запознава Зоран, 43 годишен банкар на настан за состаноци. Но Зоран не е таму за да ја пронајде љубовта на неговиот живот, туку прошка. За време на војната во 1993 Зоран пукал врз градот од спротивната страна и сака да ја запознае неговата прва жртва. Сега, двајцата ќе треба повторно да ја преживуваат болката во нивната потрага по прошка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.