Македонскиот филм кандидат за „Оскар“, oд четврток во Киното “Мис Стон” во Прилеп

Од 17 до 22 – ри октомври 2019 во кино Мис Стон (четврток – вторник) од 20.00 часот ќе се прикажува филмот „Медена земја“.

„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ е најнаградуваниот македонски документарец, што со победа во три категории на почетокот на годинава триумфрираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“. Филмот кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, од 17-ти октомври до 22 октомври ќе се прикажува во кино Мис Стон, со почеток во 20.00 часот.

Познатата актерка Сара Џесика Паркер на својот инстаграм профил напиша: „Медена земја“ е неверојатна, визуелено зачудувачка, епска, а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“
Холивудската актерка истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!

Филмот освен во кино салите низ Македонија, деновиве се прикажува и во САД, Велика Британија и Ирска

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“

По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.