Македонскиот тим ќе настапува во финалето на “City games”: Дел од тимот е Државниот фитнес шампион од Прилеп

Tим од Македонија ќе настапува во финалето на Меѓународниот куп на игри на вода “City games”, откако во полуфиналето кое се одржа во базенот “Олимп” во Златибор, нашиот тим го освои второто место.

На натпреварувањето своите сили ги одмерија тимови од: Словенија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и два тима од Србија.

Дел од нашиот тим беше и Ангела Ѓелинческа, пола стружанка-пола прилепчанка, која пред извесно време ја освои титулата Државен фитнес шампион.

Покрај Ангела во тимот на Македонија се уште и: Даниел Трбогазов, Марко Гоцевски, Петар Стојаноски, Дарко Тасевски, Даниела Велеска и Рената Соколоска.

Финалето на ова натпреварување на забавни игри на вода ќе се одржи во август во Словенија, а ќе се натпреваруваат екипи од цела Европа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.