Битолската јавност е во шок по веста за смртта на поранешниот дописник на Утрински и Нова Македонија, Гоце К. Тој го загуби животот во страшна железничка несреќа која се случи викендов на пругата Скопје-Битола, во 5 часот и 30 минути, кога воз налетал на неговото такси возило и од силината на ударот го влечел 300 метри по шините.
Како што пишува Дневник, се претпоставува дека возот се движел со брзина од 90 километри на час, а засега не е познато како такси возилото се нашло на средина на пругата. Обдукција е направена, а анализите покажале дека машиновозачот не бил под дејство на алкохол во моментот на несреќата.
Несреќата се случила во близина на домот на поранешниот новинар, кој последните десет години работел како такси-возач. Битола е во шок, а неговата куќа е завиена во црно.