Македонскиот игран филм “М” на режисерот Вардан Tозија, во четврток во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 16 ноември 2023 / четврток/ од 19.30 ч. во кино Мис Стон ќе биде прикажан играниот филм „М„ во режија на Вардан Tозија.

Влезниците ќе се продаваат среда и четврток од 10 до 13.00 ч. и два часа пред проекцијата на филмот на билетарницата од киното.

За филмот

сценарио: Вардан Тозија и Даријан Пејовски

Синопсис: Малиот Марко живее во зафрлена шума, под будното око на таинствениот и претерано заштитнички настроен татко. Не знае ништо подалеку од нивниот изолиран живот. Марко бара утеха во својата скапоцена сликовница, наоѓајќи спокој и одговори меѓу нејзините страници. Еден ден, средбата со едно љубезно, беспомошно момче по име Мико, внесува малку топлина и поврзаност во изолираниот свет на Марко. Како што му расте љубопитноста, Марко копнее да ги открие тајните што се кријат зад границите на дивината. Суров сплет на околности му ја исполнува желбата порано одошто очекува. Го чека тешко патување, исполнето со непознати опасности и можност да види еден засекогаш променет свет.

Улоги: Матеј Сиваков (Марко), Сашко Коцев (таткото), Александар Ничовски
(Мико), Камка Тоциновски (мајката на Мико), Тони Михајловски (Јон), Бојана
Грегориќ Вејзовиќ (жената војник), Верица Недеска Трајкова (мајката на
Марко), Владимир Тулиев (човекот со мантил), Оливер Митковски (слабиот).

снимател: Владимир Самоиловски
сценограф: Кирил Спасески Кикич
костимограф: Андреа Кустовиќ, Николина Костаншек
маска и шминка: Горан Игњатовски
композитор: Натанаел Бергесе
монтажа: Атанас Георгиев и Благоја Неделковски
продуцент: Дарко Попов (Фокус Покус Филмс), Вардан Тозија
копродуценти: Анита Јука (4 Film), Патрис Незан и Лорен Версини (Les Contes
Modernes), Валон Бајгора и Газменд Нела (In My Country Postproduction), Адолф
Ел Ассал (Wady Films).
Официјална копродукција помеѓу: Македонија / Хрватска / Косово / Франција / Луксембург
жанр: фантастична драма
времетраење: 99 минути




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.